Естонија воведува санкции против Србија?

Балтичката држава, преку една од своите банки воведува еден вид санкции против Србија. Медиумите велат дека тоа не ѝ штети на Србија, туку дека е предупредување, пишува Б92.

LHV банката од Естонија издаде соопштение дека од 1 септември ќе воведе ограничувања за платежни трансакции со пет земји, меѓу кои и Србија.

Станува збор за земји кои не воведоа санкции кон Русија.

„Во врска со тешката меѓународна ситуација предизвикана од руската агресија, од 1 септември 2023 година не може да се вршат или примаат плаќања од банките на Ерменија, Србија, Узбекистан, Киргистан и Казахстан“, се наведува во соопштението на банката.