Естонија нема да прима Руси кои бегаат од мобилизација

Естонскиот премиер Каја Калас изјави за Си-Ен-Ен дека Естонија нема да им даде прибежиште на Русите кои сакаат да ја избегнат мобилизацијата, изјави премиерката Каја Калас во одговор на прашање на Си-Ен-Ен.

„Ги прифаќаме украинските бегалци.

Секој граѓанин е одговорен за работите на својата земја и руските граѓани не се исклучок. Затоа не им даваме азил на Русите кои бегаат од својата земја.

Тие мора да се изјаснат против војната“, вели Калас.

Овој пристап ќе го следат и другите балтички републики.

Летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс на Твитер напиша: „Поради безбедносни причини, Летонија нема да издава хуманитарни или други видови визи за оние руски граѓани кои избегнуваат мобилизација“.