ЕСП го прашува Османи како поминал на вечера кај Груевски на 6 Септември

ДУИ се уште макотрпно се обидува да го врати Никола Груевски во Скопје „без трн во ногата“, бидејќи на оваа партија неговото враќање од Будимпешта, им значи многу, тврди Европскиот Сојуз за Промени составен од партиите на Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити.

„Им значи, бидејќи ДУИ единствениот спас го гледа во враќањето на Груевски. Ова е сонот на ДУИ.

Веќе постојат докази дека ДУИ преку разни начини и форми е во контакт со Никола Груевски, со кого се испитуваат можностите за негово враќање, од што би зависела судбината на ДУИ, заедно со СДСМ.

Па јавно прашуваме како помина вечерата на министерот Бујар Османи со Груевски на 06.09.2023 година во Будимпешта”, велат од ЕСП од каде прашуваат каков вкус имала оваа вечера и како ќе се реализира „триумфалното“ враќање на Груевски?“

Предходно Османи негираше дека имал средби со Груевски.

Пред еден месец претседателката на Врховниот суд Беса Адеми обвини дека има политички притисок кој според повеќе извори имал за цел за носење решение со кое ќе се олесни ситуацијата на Груевски и тој ќе може побрзо да се врати дома.

Владата не откри кој е центарот на моќ кој врши притисок.