ЕСМ треба да го санира мостот „Беласица“, вели Арсовска

За штетата на долниот дел од мостот Беласица, настаната во пожар на 12 мај, обврска презело ЕСМ изјави денеска градоначалничката Данела Арсовска.

Според неа, оној што го предизвикал оштетувањето на мостот треба да го санира и ЕСМ презел одговорност и обрвска да го направи тоа.

По мостот „Беласица“ се вози, но дали и колку е безбеден

Арсовска вели дека штетата на мостот е козметичка.

„Мостот е безбеден и сигурен, тоа ние го имаме како информација од вештачењето што го направивме и пуштивме во сообраќај две ленти. За да се пушти целосно треба да се заврши санацијата во долниот дел и за да може да се монтираат топловодните цевки.

Тоа е козметичка санација во секој случај“, вели Арсовска.

„Тоа е предусловот и за да се монтираат цевките на топловодот. Не може монтажа без санација.

Јас верувам дека ќе го направат додека не почне грејната сезона. ЕСМ ја презеде обврската“, рече Арсовска и додаде дека нема да биде вина на Градот Скопје доколку дојде до проблеми со грејната сезона.

Но, екипи на ЕСМ денеска биле спречени да работат на мостот од инспектори на Град Скопје, за што Арсовска кажа дека немале соодветна документација.

Од ЕСМ претходно кажаа дека не се надлежни за санација на мостот, туку само да ги заменат оштетените цевки со нови. ЕСМ е надлежно за снабдување на главниот град со топлинска енергија, откако Регулаторната комисија за енергетика му ја одзеде лиценцата на БЕГ. потсетува порталот СДК.