Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 3.110 MWh електрична енергија, информира Владата базирајќи се на податоци од диспечерскоот извештај на ЕСМ.
Во соопштенијата за претходните деновии се истакнуваше дека ЕСМ произвела струја доволно за домаќинствата и малите потрошувачи, што не е случај сега.
Во соопштението се навудува дека АД ЕСМ на во текот на вчерашниот ден произведе 10.092 MWh електрична енергија.
„Во Термоелектраните произведени се 7.692 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.400 MWh.
Купени биле дополнителни 3.110 МWh.
„…ако на пазарот има електрична енергија чија берзанска цена е пониска од производствената, недозволиво е да се произведува со повисока цена.
Токму затоа се прави привремен увоз на електрична енергија“, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
