Новите количини на гас што ги обезбеди АД ЕСМ ќе бидат доволни само за до средината на месец ноември.
Швајцарската ПЕГЕО известила дека не може да почне со испорака пред 15-ти ноември и од неа ќе се бара да достави нова понуда.
Во меѓувреме, државната компанија ќе разгледува нови понуди на заинтересирани фирми за снабдување, а се очекува и цените на гасот да паѓаат.
Според најавите деновиве ЕСМ дистрибуција на топлина ќе потпише и договор со приватната гасна електрана ТЕ-ТО за месец ноември за преземање на топлинската енергија, која ќе треба да влезе во системот на загревање за градот Скопје.