Државната компанија ЕСМ набави струја за која плати 800.000 евра поскапо од сумата што би ја платиле ако електричната енергија ја купиле по цените на унгарската берза ХУПЕКС.
Струјата е набавена за четири дена почнувајќи од понеделникот, па до денеска.
На веб страницата на ЕСМ стои дека од три трговски компании нашиот државен производител набави 12.240 мегаватчасови електрична енергија за кои се потрошени нешто над 2 милиони евра.
Во истиот период цената на ХУПЕКС берзата била за 40 отсто поевтина па доколку ја купела од таму ќе заштедела 800 илјади евра.
