ЕСМ продажба потпиша договор со фирмата „Balkan Utilities“ од Бугарија, за испорака на природен гас за јануари по цена од 115,97 евра за мегават час.
Таа фирма дала понуда за снабдување и до први мај 2023-та година, со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец.
Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, „Макпетрол Пром–Гас“, понудила цена од 116,20 eвра за мега ват час, но која би била подложна на корекции за јануари.
Третиот понудувач A.P.M.P. Handels ges не даде комплетна понуда, соопштија од ЕСМ.
