Ескобар утре во Скопје – каква порака и за кого носи

Веста за доаѓањето на заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар ја потврдија од кабинетот на шефот на македонската држава, пренесува МИА.

Предвидено е Ескобар да има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Американскиот висок дипломат доаѓа во посета на земјата, по една недела откако во Собранието, започна процедурата за уставни измени, со кои меѓудругото во Уставот ќе треба да се внесат и Бугарите.

Доаѓањето на Ескобар на Скопје може да се протолкува како резултат на започната собраниска седница за уставни измени која е одложена на неопределено време со оглед на тоа што без гласовите на пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не е можно да се дојде до потребното двотретинско мнозинство, за внесување на бугарска етничка заедница, што е услов на Софија за Македонија да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија, оценува МКД.Мк.