Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, за „Гласот на Америка“ (ВОА) изјави дека меѓународната заедница бара од премиерот на Косово, Албин Курти, да формира Заедница на српски општини (ЗСО) и посочува дека формирањето и преговорите за француско-германскиот предлог „не се целосно поврзани“.

Ескобар потенцира дека ЗСО ќе се формира, со или без волјата на Курти, бидејќи, како што рече, „Курти не мора да се договори, бидејќи Косово веќе се договори“, пренесува Танјуг.

Косовскиот премиер Албин Курти постојановели дека нема да формира ЗСО, на што Ескобар рече дека „едно лице и една партија не можат да се откажат од спроведувањето на правно обврзувачките точки“.

„Ние ќе го направиме тоа, јас ќе го направам тоа, со наоѓање партнери, има многу луѓе кои би сакале да видат подобри односи меѓу Србите на северот [од Косово] и остатокот од земјата“, рече Ескобар.