„северномакедонците се Европејци. Историски и културно тие се Европејци.“ – изјави Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, задолжен за Европа и Евроазија, говорејќи за историската и културната припадност на Македонците на денешниот брифинг посветен на ситуацијата во Западниот Балкан.“

Ескобар нагласи дека САД ќе ги поддржуваaт Македонија и Албанија во нивните напори за реформи, со цел започнатиот процес на евроинтеграција да се движи брзо, како што посочи денеска. Одговарајќи на новинарските прашања, Ескобар укажа дека Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО. Тој повторно ја истакна пораката од Стратегискиот дијалог, кој САД го имаа со Македонија во јуни во Вашингтон.

„**** Македонија е одличен партнер, лојален пријател и силен поддржувач на трансатлантската заедница. **** Македонија заслужено го започна движењето во нивниот процес кон Европа. Тие направија тешки реформи и продолжуваат да прават тешки реформи – изјави високиот американски дипломат.“

На денешната средба со новинарите Ескобар рече дека Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО. Тој укажа дека за САД јазикот и културниот идентитет на Македонија не е прашање. Тој ја повика Македонија да продолжи со конструктивниот дијалог со соседите и да се движи колку е можно побргу во процесот за пристапување. „САД остануваат силен партнер во охрабрувањето и поддршката на **** Македонија во тој процес. Земјата сигурно ќе биде успешна во тој процес.“ – рече Ескобар.


.