Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар очекува дека следната членка на ЕУ ќе биде Црна Гора.
„Прилично сум сигурен дека Црна Гора најверојатно ќе биде следната членка на ЕУ“, рече Ескобар, во говорот на Самитот за демократија на Југоисточна Европа во Црна Гора на тема „Војна во Европа: влијание на Балканот“ .
Тој нагласи дека е „многу оптимистичен за перспективите на земјите од Западен Балкан да станат полноправни членки на ЕУ“ и дека САД ќе ја продолжат својата поддршка во таа насока.
