Ескалација на насилство: Меѓуетнички улични тепачки во Тибериас (ВИДЕО)

Конфликтот меѓу Израелската држава и палестинската територија Газа кој ескалира со илјадници проектили испукани во двата правци од кои загинаа десетици луѓе се прошири на локално ниво.

Во светиот град Тибериас на брегот на Галилејското море кој е познат како место каде е составена светата книга Талмуд попладнево дошло до масовни тепачки меѓу локалните Евреи и Арапи во кои се повредени десетици луѓе, пренесуваат локалните медиуми.

Во градот именуван по римскиот император Тибериус живеат околу 45 илјади луѓе од кои најголем број се Евреи.