„Есенска трансформација“ – бесплатни работилници за личен и кариерен развој (ВИДЕО)

Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова гостуваше во Dobro utro sekoe utro / Добро утро секое утро на ТВ Алфа и зборуваше за тековните работилници за личен и кариерен развој во циклусот #ЕсенскаТрансформација.

Работилниците се наменети за сите жени и девојки кои сакаат да напредуваат во кариерата, да ги зајакнат своите лични вештини, како оние кои се поврзани со вработувањето и кариерата, така и животните вештини.
До сега се спроведоа 2 работилници, а следуваат уште 5 во текот на Ноември и Декември 2023г.

За следните теми пријавете се на:
https://forms.gle/HXcM2jHrwW6jFLCu6

02 60 90 066
coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk (ознака: Учество во работилници за личен и кариерен развој)

Работилниците се организираат од Женски центар за поддршка – Скопје, со поддршка на Град Скопје.

Повеќе за темите и за самите работилници погледнете на видеото подолу