Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ѝ нареди на Украина да плати парична казна поради одбивањето да регистрира истополови бракови.
Хомосексуална двојка што живее во Киев се обидела да ја легализира својата заедница уште во 2014 година, но била одбиена со повикување на Уставот и на брачниот и семеен кодекс на Украина, кој вели дека бракот е заедница меѓу маж и жена.
Геј-двојката потоа поднела жалба до ЕСЧП, кој одлучил да им бидат исплатени по 5.000 евра секому за морална штета, 32 евра за материјална штета и по 4.000 евра за направените трошоци.
Во Украина сега размислуваат за воведување на т.н. институција на граѓански партнерства, која на хомосексуалците ќе им обезбеди статус на блиски роднини без да регистрираат брак.
Во моментов нема да може да се легализираат истополови бракови поради тоа што Уставот на Украина не може да се менува за време на воена состојба, која е на сила од февруари 2022 година.