Победничката серија на Македонија во Лигата на нациите заврши на Кипар, каде што со поразот од 1:0 против Ерменија не успеа да се пласира во дивизијата Б, во која замина противникот.

Драстично ослабениот состав на селекторот Игор Ангеловски капитулира во 55. минута, кога мрежата на Дамјан Шишковски ја погоди поранешниот играч на Вардар, Хонханес Хамбарѕумјан.


Првиот пораз по девет натпревари ги симна „црвено-жолтите“ на второто место во групата 2, па и во третото издание на ова натпреварување ќе играат во дивизијата Ц.