Ердоган рече дека Мицотакис веќе не постои за него, Атина со ладен одговор

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас одговори на контроверзните изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган велејќи дека Грција нема да биде намамена во ескалација на тензиите со нејзиниот егејски сосед.

Ердоган зјави дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повеќе „не постои за него“ откако ги посети Соединетите Држави и го обвини Мицотакис дека се обидел да ја блокира продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција.

„Ние имаме свој став. Нема да бидеме вовлечени во ескалација“, изјави Дендиас.

Дендиас рече дека Грција сака дијалог со Турција, но додаде дека тоа не е можно кога турски борбени авиони вршат прелети над грчкиот воздушен простор.