Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган истакна дека би можел да се кандидира за претседател во 2023 година, нo тоа би бил неговиот последен мандат.

Ердоган денеска рече дека по тој мандат, доколку победи на изборите, ќе ја „префрли палката на младите“.

Пред турскиот претседател има многу предизвици, вклучувајќи ја и инфлацијата која достигна 84,4 проценти.

Како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за јуни 2023 година, Ердоган, кој е на власт од 2003 година, и неговата исламско-конзервативна партија, Партијата на правдата и развојот (АКП), се надеваат дека ќе ја задржат власта.