Инцидент се случи за време на состанокот меѓу европските лидери и турскиот претседател.

Шефицата на ЕК Урсула Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во вторникот беа во Анкара за да разговараат за можностите за подобрување на односите на ЕУ со Турција.

Но во претседателската соба каде што беа примени високите гости, имаше само две столлчиња – за претседателот Ердоган и за Мише.

На видеото се гледа како Мишел и Ердоган седат, а Урсула фон дер Лајен стои.

Видно изнервирана, таа седна на каучот спроти турскиот претседател. Односот кон првата жена претседател на Комисијата беше коментиран и во Брисел.

„Претседателката на Комисијата очигледно беше изненадена од третманот што го доби според протоколот, што може да се види на видеото, но таа правилно даде предност на формата што и беше доставена. Тешко е да се каже која е причината што турскиот протокол и понуди тросед, бидејќи таа ќе мора да има ист третман како и претседателот на Советот “, рече портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.

Турската страна ја префрли одговорноста кај ЕУ. „Не се направени никакви измени од она што беше побарано во подготовката на посетата на делегацијата на ЕУ“, изјави турски владин претставник за новинската агенција АФП.