Ердоган: Грците не разбраа дека може да им „пристигнеме една ноќ“

Нема ништо за што би вредело да се разговара со Грција порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Прага и ја обвини Атина дека својата политика ја заснова врз „лаги”.

„Тие не се таму каде што треба да бидат”, рече Ердоган на синоќешната прес-конференција.

Според него, целата политика на Грците се заснова врз лаги и оти не се чесни.

Тој уште изјави дека дека Атина ја разбрала пораката на Анкара кога турските власти рекоа „би можеле ненадејно да пристигнеме една ноќ” – коментар што грчките и уште некои западни претставници го осудија како закана за соседната држава.