ЕП: Бугарија да престане да издава „златни пасоши“

ЕУ мора да ги повика Бугарија и Малта да престанат да издаваат таканаречени „златни пасоши“, препорачува Европскиот парламент во изваштај за политичките односи меѓу ЕУ и Русија.

Документот е упатен до Советот на ЕУ, Европската комисија и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Се дискутираше на пленарна седница во Стразбур, пренесува Њуз.бг.

Од 2014 година, Бугарската инвестициска агенција (ИБА) ги потврди инвестициите на вкупно 981 лице од земји кои не се членки на ЕУ, врз основа на што ќе им биде дозволен постојан престој во Бугарија и бугарско државјанство.

Најголем број кандидати за инвеститори има од Кина (169), потоа Русија (147) и Блискиот Исток – Либан (33), Египет (31), Иран (19), Јордан (17), Ирак, Сирија (8) , Јемен (7), Саудиска Арабија (8), ОАЕ (1). На листата се и претставници на поранешните советски републики – Казахстан (18) и Украина (12), како и граѓани на Пакистан (47), Индија (9), Виетнам (11). Малкумина доаѓаат од африканските земји – по еден од Гана, Конго, Чад и други.