Силата на овонеделните земјотреси меѓу Турција и Сирија била еднаква на 500 атомски експлозии, изјави Орхан Татар, генерален директор за намалување на ризикот во Турската управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).



Првиот земјотрес во понеделникот траеше 65 секунди, а вториот 45 секунди, изјави Татар пред новинарите во саботата.

„Енергијата ослободена од двата земјотреса е еднаква на енергијата на 500 нуклеарни бомби“, рече тој.

Потресите беа проследени со повеќе од 2.000 последователни потреси во текот на неделата, кои сè уште продолжуваат, додаде Татар.

Магнитудата на двата најсилни земјотреса е со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала.