Македонија е на неславното второ место во Европа по енергетска сиромаштија, односно според процентот на домаќинства што не се во можност соодветно да ги загреат своите домови.

Врз основа на податоците на Евростат за 2021 година, такво е безмалку секое четврто домаќинство во Македонија, поточно 23,8 проценти, а полошо во овој поглед на стариот континент стои само Албанија со 35,8 отсто.


На третото место со речиси идентични перформанси како македонските е Бугарија со 23,7 отсто.

На спротивната страна од листата е Швајцарија, во која само 0,2 проценти домови се недоволно затоплени, а ја следат Норвешка со 0,8 отсто и Финска со 1,3 отсто.