Иван Илчев, член на бугарскиот дел од мешовитата комисија со Македонија за историски и за образовни прашања, контра реториката на премиерот Бојко Борисов за Македонците како „браќа“.
„Треба да се откажеме од мислата дека Македонците се наши браќа. Едноставно, да се откажеме. Тие се една соседна држава со сопствени интереси. Ние имаме наши интереси, тие имаат сопствени интереси“, нагласи Енчев во интервју за бугарската телевизија БТВ.
Поранешниот ректор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ не се согласува ни со паралелата меѓу Македонците и Бугарите со Германците и Австријците.
„Некои од европските научници велат дека и Австријците зборуваат германски јазик, но имаат одделно самосознание. Тоа е вистина, но Австријците се развиваат како одделна нација во текот на 300 години доброволно, самостојно. Не како Македонија, во која од 1913 до 1944 година има свиреп терор на српската власта, а потоа комунистичка пропаганда“, објасни Енчев.