Елмас стрелец за Наполи против Лече во Серија А

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна својот прв гол сезонава во италијанската Серија А, донесувајќи му водство на Наполи против Лече во ремито 1:1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.

Офанзивниот играч за врска со 39 настапи и 9 погодоци за Македонија во 27. минута го искористи проигрувањето од Матео Политано и биеше прецизно во долниот десен агол од голот на Владимиро Фалконе.


Елмас имаше стопроцентна шанса и во 49. минута, но неговиот удар долниот лев агол Фалконе го одбрани, а седум минути подоцна од натпреварот од 4. коло беше заменет.