Елиф Елмас продолжи таму каде што застана Горан Пандев со Интер пред 13 години, обезбедувајќи ја шампионската титула со Наполи пет кола пред крајот на Серија А со ремито 1:1 кај Удинезе на Илија Несторовски.
И двајцата соиграчи во фудбалската репрезентација на Македонија, Елмас и Несторовски, го одиграа целиот натпревар за своите екипи, по кој Наполи има 80 бода, недостижни 16 повеќе од второпласираниот Лацио.