Поради позитивен тест на коронавирус, Елиф Елмас нема да настапи за фудбалската репрезентација на Македонија против Косово во баражот од Лигата на нациите на 8 октомври во Скопје!

На местото на играчот на Наполи и еден од адутите на „црвено-жолтите“ за прескокнување на претпоследната пречка до Европското првенство 2021 селекторот Игор Ангеловски го повика Ферхан Хасани од Хелсинки.

Неизвесен е и настапот на капитенот Горан Пандев, иако тој е еден од ретките во Џенова со негативен тест. Тој е на списокот на Ангеловски, утре има лет за Македонија, но има решение за изолација од властите во Џенова!