Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Елиф Елмас, беше стрелец на Наполи во поразот од 2:1 на гостувањето во Русија кај Спартак Москва во петтото коло од групата Ц во Лига Европа.

Играчот за врска го постави конечниот резултат во 64. минута, кога погоди со глава по нафрлувањето од Андреа Петања, но двата гола на Александар Соболев му донесоа три бода на домаќинот за прво место на табелата со 7 бода, колку што има и Наполи.

За Елмас ова е втор погодок во петтиот настап во ова натпреварување сезонава, а и првиот го постигна против Спартак Москва во поразот и во Неапол од 3:2.

Голот на стрелецот на два гола против Исланд што ја одведоа Македонија во мундијалскиот бараж е по 1:56 минути од почетокот на видеото: