Елиф Елмас беше на теренот само во последните 20 минути од натпреварот со Кремонезе во Неапол, но и тоа му беше доволно за да се запише во листата на стрелците во 79. минута, кога го заокружи триумфот на Наполи од 3:0 во 22. коло од италијанската Серија А.
Ова е шести првенствен гол сезонава за 23-годишниот играч за врска на фудбалската репрезентација на Македонија, а Наполи со својата 19. победа и вкупно 59 бода се зацврсти на првото место на табелата со 16 бода повеќе од Интер, кој има и меч помалку.