Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас постигна два гола во победата на Наполи од 3:2 против англискиот премиерлигаш Лестер во Неапол во Лига Европа.
Прво 22-годишниот играч за врска во 24. минута зголеми на 2:0, а во 53. минута го постави конечниот резултат, откако гостите израмнија во средината на првото полувреме.
Со четири гола во Лига Европа сезонава, Елмас е еден од најзаслужните во италијансмкиот тим за второто место во групата Ц и пласманот во 16-финалето.