Поучени од американското искуство на последните изборни циклуси француските тајни служби се ставени во состојба на приправност за да спречат надворешно мешање во Претседателските избори

За разлика од претходните претседателски избори, Елисејската палата за прв пат ги мобилизираше разузнавачките служби за да ги обезбеди следните избори и да спречи странско мешање во процесот на водење кампања, гласање и пребројување на гласовите.

Службите кои се познати како Вигинум, DGSE, DGSI и Tracfin имаат задачи да спречат секакви надворешни обиди за активизам и управување со перцепција за обликување на јавното мислење кај гласачите во претседателските избори кои ќе се одржат во април 2022 година.

Двата стартапи Сахар www.sahar.fr и Сторизи www.storyzy.com кои се оформени од Француското министерство за вооружени сили, го предводат управувањето и развојот на сајбер системите за борба против лажните вести и контент фармите за обликување на јавното мислење.

Нивната активност е тесно поврзана со активноста на DGSI и Viginum кои треба да ги мобилизираат домашните капацитети за обезбедување на изборниот процес.

Координаторот на националното разузнавање и борбата против тероризмот на Франција, кој долго време имаше маргинална улога, сега доби позиција на нов авторитет во разузнавачката заедница.

Носителот на функцијата, поранешниот помлад министер за внатрешни работи Лоран Нуњез, неодамна доби наредба од премиерот Жан Кастекс, со која му дава овластување над министерствата кои претходно дејствуваа независно по прашањата на разузнавањето.

Како национален разузнавачки координатор, Лоран Нуњез врши координација на 10 разузнавачки служби (DGSE, DGSI, DRM, DRSD, DNRED, TRACFIN и DRPP, SCRT, SNRP и SDAO) кои работат заедно и обезбедуваат насоки на претседателот на Републиката.

Како шеф на Националниот центар за борба против тероризмот (NCTC), Лоран Нуњез обезбедува координација на службите за борба против тероризмот, вклучувајќи:

Разузнавачки служби: DGSE, DGSI, DRM, DRSD, DNRED, TRACFIN и DRPP, SCRT, SNRP, SDAO;
Правосудна полиција: DCPJ-SDAT, DRPJ PP-SAT, DGSI;

Други служби кои имаат потенцијал да спречат влијание врз изборниот предмет вест се во надлежност на Министерството за правда а се познати како PNAT and DACG.

Во Франција гласаат над 40 милиони гласачи.