Денеска во Торино, на свечено отворање на овогодинешното евровизиско издание, беа пречекани натпреварувачите и нивните делегации.

При пристигнувањето, македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска во рацете држеше и македонско знаме, кое подоцна одлучи да го фрли на земја и да се фотографира без него.

Исто така, согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата истото е забранетода биде фрлено на земја.

Според Член 8 – Грбот и знамето на Република Македонија, како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.