„Ел Чека“ доби кривична пријава

ОЈО поднесе кривична пријава за неовластено прислушување и снимање против лице од кичевското село Турин,  кое се преставува како Ел Чека и снимките од прислушуваните материјали ги пушта од Чикаго.

Основното јавно обвинителство побара од надлежните органи во САД да преземат законски дејствија  во насока спречување на натамошно објавување на сниманите материјали. Во соопштението се вели:

По проучување на наводите во кривичната  пријава, констатирано е дека стварно и месно надлежно за постапување е Основното јавно обвинителство Кичево, поради што пријавата е проследена во ова обвинителство.

Извор: Нова ТВ