Тетовско-гостиварска епархија денеска информираше дека добиле решение од Општина Тетово за отстранување на поставениот крст на црковниот имот на Попова Шапка. Најавија дека ќе биде поднесена жалба, јавува Сител

„МПЦ ОА Тетовско-гостиварска епархија, своите права во насока на разрешување на даденото прашање ќе ги штити преку достапните правни механизми. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на зачестените провокации и да бидат посветени на мирот и добрите меѓурелигиски односи, соопштија од Епархијата.

Ангелов: Крстот на Попова Шапка нема да падне

Крстот на Попова Шапка беше поставен на 16 ноември на земјиште сопственост на МПЦ-ОА и храмот Свети Наум Охридски Чудотворец.

Општина Тетово донесе одлука да се урива крстот на Попова Шапка, иако е поставен во дворот-имот на манастирот „Свети Наум“!

Вчера за медиумите на албански јазик, раководителот на општинскиот инспекторат изјави дека има решение за отстранување на крстот.

„За крстот има одлука за уривање. Кога ќе се отстрани? Во Тетово има над 5.000 решенија за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме. Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа, изјави Сулејмани.

Ангелов за ТВ Коха: Урнете ги 80. викендици дивоградби и џамијата, па потоа крстот (ВИДЕО)

Од црковниот одбор при манастирската црква Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка по поставувањето посочија дека е поставен како верско обележје и претставува урбана опрема.