Експресен одговор на грчко барање за Македонија вечна

За само неколку дена по барањето на грчки политичари македонските власти го сменија името на кампањата Macedonia Timeless во North Macedonia Timeless.

Наместо да бидат креативни и инвентивни во кампањата за промоција на државата да ја користат придавката и да ја именуваат Macedonian Timeless или Macedonian Beauty, како што сугерираат дел од експертите за маркетинг и ПР, владата во Скопје само технички го додала зборот North.

Ваквата срамна одлука е спротивна и на правилата на македонскиот а и на англискиот јазик.