Чудна силна портокалова светлина проследена со силен звук и искричење, вечерва ги вознемирија граѓаните на населбите Железарница и Автокоманда.

Споредпрвичните реакциина социјалните мрежи, претпоставка е дека во пррашање е хаварија во фабријката, други пишуваат за експлозија предизвикана во трафостаница или далновод со оглед на тоа што дел од населбите немаат електрична енергија.

Неофицијално, кон местото на хаваријата се упатиле возила на Противпожарната бригада кои, поради снегот, се обидуваат со потешкотии да се приближат до местото на експлозијата, каде наводно , се уште гори.

https://twitter.com/i/status/1373758126483193862
https://twitter.com/i/status/1373760336231346178

Видео од експлозијата

https://www.facebook.com/watch/?v=463731584685051