Во куќа во кумановското село Романовце денеска претпладне настанал пожар при експлозија на плинска боца, јавува„360 степени“.

Три лица починале на лице место, а шест завршиле со тешки повреди. Тие биле префрлени во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите ќе бидат однесени во Ургентниот центар во Скопје.