Срам и неспособност, оценуваат безбедносните експерти според кои падот на дронот во хрватската престолнина по прелетувањето на три земји-членки на НАТО претставува сериозен безбедносен неуспех и неспособност во европскиот систем за контрола на воздушниот простор, пренесе Индекс.хр.



Милановиќ: Како никој не јави дека дрон од 6 тони лета над НАТО членка

Реарираа и од НАТО:

„Интегрираната воздушна и ракетна одбрана на НАТО ја следеше патеката на летот на објектот што потоа се урна во Загреб. Хрватските власти објавија дека го истражуваат инцидентот“, изјавија од НАТО за Вечерњи лист.

Поранешниот украински амбасадор во Хрватска Маркијан Лубкивски изјави дека леталото не е украински и дека овие информации ги дава во својство на секретар на министерот за одбрана на Украина.

„Авионот што се урна во Загреб не е украински, украинските авиони имаат други ознаки“, изјави тој за ХРТ.