Дваесет и три години од таканаречената Тајванска авантура кога владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДА го призна Тајван во замена за една милијарда инвестиции и кредити Македонија повторно има политички контакти со островот кој функционира независно 7 децении а Пекинг тврди дека е дел од кинеската држава.

Според западни извори од средна по важност и моќ членка на ЕУ и НАТО на средината на месецот преставници на македонските власти биле во официјална посета на Тајван.


Македонските претставници во Тајпеј се сретнале со највисоки претставници на оваа земја а во делегацијата биле заедно со претставници на две други држави од кои една не е призната од сите членки на ЕУ.

Изворите од членката на ЕУ и НАТО тврдат дека посетата на Тајван не треба да биде причина за загриженост затоа што Кина ја разбира потребата од одржување на политички контакти меѓу Тајван и Македонија но и дека официјален Пекинг сега нема начин на кој што може да се одмазди на Македонија како што тоа се случи во 1999 година пред Косовската криза.

По македонското признавање на Тајван во 1999 година Кина како членка на Советот за Безбедност на Обединетите нации стави вето на мисијата УНПРЕДЕП која ја чуваше македонската граница со Албанија и Србија.

Македонските медиуми ниту владата досега не информирале за оваа средба која извесно е внимателно следена од страна на Република Кина.

Во моментов односите меѓу Тајван и Кина се најлоши во историјата со сценарија кои предвидуваат дури и обид за истоварувањњ на кинеската армија на островот кој е водечки производител на чипови од најновата генерација и има една од најдобро опремените армии во светот.

Гарант на сувереноста на Тајван од Кина е САД чии највисоки претставници постојано ја посетуваат оваа островска земја која според Пекинг формално е дел од кинеската држава.