Вечерва околу 20 часот пред бугарскиот клуб именуван во чест на фашистичкиот соработник на Хитлер ,,Цар Борис Трети” дошло до тежок инцидент, дознава expres.mk.

Пред клубот се случило пукање од огнено оружје при што од пиштол се испукани повеќе проектили.

Засега нема детали за можни жртви, за напаѓачите и за целта на пукањето пред бугарскиот фашистички клуб.

Полициски извори засега не го потврдуваат инцидентот за кој expres.mk дозна од луѓе кои во тој момент биле блиску до клубот но од полицијата не даваат дополнителни информации за пукањето.

Инцидентот се случува три дена откако од засега непознат сторител беше оштетен дел од објектот на клубот Цар Борис Трети.

МВР вечерва го потврди инцидентот

МВР го потврди пукањето пред клубот ,,Цар Борис Трети”