Home Македонија Ексклузивно: Ковачевски, Пендаровски и Груби биле предупредени дека даваат пасош на џокеј...
Ексклузивно: Ковачевски, Пендаровски и Груби биле предупредени дека даваат пасош на џокеј на Путин кој е на црна листа на САД
Премиерот Димитар Ковачевски најавува дополнителни проверки како украинскиот политичар Олександар Онишченко, кој е под санкции на САД но не кажува дека безбедносни експерти кои го проверувале досието на рускиот украинец предупредиле дека тој не смее да добие македонски пасош.
Оперативци на службите кои го чешлале досието на Онишченко утврдиле дека неколку месеци пред да добие македонски пасош тој добил и руско државјанство што значи дека е директно поврзан со екипата на Путин во Кремљ.
Овие податоци биле пренесени на шефови на две тајни служби кои подоцна информациите ги пренесле на врвот на власта, на претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски, министерот Спасовски како и вицепремиерот Артан Груби.
Изворите на expres.mk кои имаат увид во процедурата за проверките на човекот на Путин кој добил македонски пасош велат дека македонскиот државен врв имал точни сознанија за улогата на Онишченко во руската операција за нарушување на американските избори.
Тие не можат да разберат зошто и покрај јасните предупредувања од професионалците во безбедносните служби властите во Скопје сепак му дале државјанство на ,,радиоактивниот” Украински Русин кој е директно поврзан со Путин.
Изворите на expres.mk во службите за безбедност не можат да ги проценат причините зошто Пендаровски и Ковачевски одлучиле да дадат пасош и да се судрат директно со американскиот Стејт Департмент на чија црна листа е Русинот.
Дали се работи за пари, за некаква врска на СДСМ и ДУИ со Москва или за други политички, бизнис или криминални причини за издавање на македонски пасош засега не може да се каже со сигурност.
Избеган украинаски пратеник попд санкции од САД добил македонско државјанство
„При издавањето на тоа државјанство на Олександр Онишченко биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство“, рече денска Ковачевски во одговор на прашање зошто му е дадено државјанство на украински политичар кој се товари за проневери
Нејасно е зошто Ковачевски не побара истрага од јавното обвинителство или анкетна комисија во Собранието за скандалот поради кој може да влезе во отворена војна со САД и НАТО.
Обнишчњенко е на црната листа на САД за вршење на руско влијание врз американските претседателски избори и е баран од украинските власти за перење пари во вредност од стотици милиони евра.
Сепак, тој доби позитивна оценка за чисто досие од сите институции во земјава кои ја провериле неговата апликација за државјанство. Онишченко, како спортист, доби државјанство врз основа на тоа дека ќе ја претставува нашата земја на меѓународни натпревари со коњи.
Од одговорност за можниот судир со САД засега се брани само министерот Спасовски.
Спасовски: Одговорноста за доделениот пасош на Онишченко не е на МВР
Државјанството на човекот на Путин му било дадено во согласност до член 11 од законот кој се однесува на лица од особен национален интерес, во случајов за спортско претставување.