Во контекст на затегнатите односи меѓу НАТО и Русија поради Украина, поранешната бугарска амбасадорка во САД и потпретседателка на Атлантскиот клуб, Елена Поптодорова, побара зголемување на воениот капацитет и преку формирање заеднички баталјон со Македонија.
„Важно е да се донесе едногласна одлука за засилување на сопствениот капацитет во областа на одбраната, кој во моментов е ништожен. Добра варијанта би било да се размисли и за заеднички акции со РСМ. На пример, за создавање заеднички баталјон по примерот на француско-германските“, изјави Поптодорова за приватната Бугарска телевизија (БТВ).