Екс втор човек во СДСМ ќе открие како функционира македонската државна мафија

Вечерва во 20:00 часот почнува разоткривање на многу информации за низа скандали, случаи и афери во безбедносниот систем по кои многу работи ќе станат појасни.

Ова јавно го вети и го најавува поранешната потпретседателка на СДСМ и пратеничка Фросина Ременски која предава на Факултетот за безбедност.

Таа најавува информации за повеќе случаи кои од темел го тресат македонскиот безбедносен и политички систем.

,,Во континуитет ќе ги разобличувам пријавените македонски приватни и државни актери дел од шпионската алијанса која ја тресе ЕУ – оф-шор компании, странски агенти, милионски профити, лажни идентитети, перење пари, бабички, црни листи, комбиња, продолжено незаконско прислушкување, уцени, прикривања и институционален молк …
Многу работи ќе стануваат појасни”, пишува Ременски во најавата за објавата на информации кои ги верува за вечерва во 20 часот.

Ременски беше обвинета за криминал во случајот ,,Меѓународен сојуз”, како блиска на Боки 13 кој рекетирал пари за своите наводни проекти.

Нејзиниот сопруг Јовче Ременски до пред еден месец беше шеф на секторот за тероризам и насилен екстремизам во АНБ од каде беше сменет по доаѓањето на новиот шеф на агенцијата за национална безбедност Зарко Милошески.

Ременски во повеќе наврати објавуваше детали за аферата ,,Жолто Комбе” во која македонски оперативци од тајна служба за трета земја шпионирале земји членки на ЕУ.

За оваа афера во континуитет објавуваа и expres.mk и новинарот Горан Момировски.

Поврзани вести

Никој не ги гони македонските агенти од АНБ кои шпионирале ЕУ членки за странска служба

МНР и МВР не демантираат преписка со Берлин за “Жолто комбе” – друг голем скандал во најава (ВИДЕО)

Не го слушавте Прибе, ќе слушате скандали во УБК/АНБ/МВР – пишува Горан Момироски