Прпфолот Мотика6 утрово на Јутјуб објавува видео од Љупчо Бубо Каров, екс советник за комуникации на екс министерот на СДСМ Роберт Поповски.

Некогашниот член на комедијантската група К15 кој подоцна стана советник во владата и учествуваше во кампањата за промена на името на Македонија во видеото вели дека Бугарите јаделе многу фекалии но и дека низ Бугарија бил разделен многу македонски семенски материјал поради што предлага да се направи истражување да се види колку млади Македонци шетаат по бугарската земја.

Профилот не наведува од кога е видеото а на профилите на популарниот Цацко нема објавено ново видео што остава можност дека се работи за постар видео скеч на Каров кој поради кажаното во него е многу актуелно деновиве.