Екс вице-гувернерката на Народната Банка на Македонија Маја Кадиевска – Војновиќ во шест поенти ја открива црната ситуација зад владиниот приказ на македонските државни финансии и трендовите на јавниот долг.

Екс вицегувернерката со пораката ,,Јавниот долг во лет, нема намалување, само инфлацијата го јаде!”, дава анализа на реалните проблеми со кои се соочува Македонија во економијата и финансиите.


Нејзината анализа е поткрепена со слајд кој јасно дава до знаење во кој правец оди Македонија најнова поле.

,,Тврдењата дека јавниот долг е намален во првото тримесечје на 2022 година заради успешни политики, добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии се невистинити”, вели финансискиот експерт која со години во НБРМ ги следела финансиските показатели.

Кадиевска Воиновиќ дава шест поенти кои ја откриваат манипулацијата на владата и министерството за финансии во обидот да дадат лажна слика за државниот буџет:

1. Наспроти повиците од сите меѓународни финансиски институции и кредит рејтинг агенции дека започнувајќи од лани инфлацијата го намалува соодносот на јавниот долг/ БДП, а со тоа владите да бидат внимателни на ова привидно намалување, нашава Влада се фали дека ова намалување е нејзина заслуга.

2. Во првото тримесечје на годината, јавниот долг забележа апсолутен раст од 35 милиони евра, а според ребалансот до крајот на годината ќе имаме раст од 1 милијарда и 315 милиони евра!

3. Релативниот показател, односно процентуалното учество на јавниот долг во БДП се сведе на 54,9% на крајот на март 2022 година од 60,8% на крајот од 2021 година, НО исклучиво заради високиот прогнозиран номинален БДП за цела 2022 година.

4. Министерството за финасии планира номиналниот БДП во 2022 година да биде 13.053 милиони евра или да има висок годишен раст од околу 11,2%, при проектиран раст на реален БДП од 3,2% (со ребалансот) и проектиран висок БДП дефлатор од 7,8%!

5. Високиот БДП дефлаторот покажува дека имаме висок раст на цените на производите и услугите произведени во економијата или симплифицирано имаме висока инфлацијата.

6. Со симулација, ако имавме номинален раст на БДП како историскиот просек (2003-2019г.) од околу 6%, тогаш нивото на јавниот долг како процент од БДП во 2021 година немаше да се стабилизита на 60,8% туку ќе беше 63,3%, а во 2022 година со планираното задолжување според ребалансот нема да биде 65%, туку ќе биде 71% од БДП!