Поранешниот разузнувач и советник во национална безбедност во кабинетот на експретседателот Ѓорге Иванов, Синиша Алексоски поднесе претставка до МВР за утврдување на непрофесионалното, незаконито и неетичко постапувањена вработените во министерството, откако пред три дена бил повикан во полициската станица во Центар за наводно снимање на колоната возила во која бил претседателот на Собранието Талат Џафери, пренесува „24инфо“.
Алексоски бил повикан на разговор бидејќи наводно на 27 март со мобилниот телефон го сликал автомобилот во кој бил претседателот на собранието, Талат Џафери.
-Јас и двајца другари бевме застанати на пешачкиот остров карши „Порта Македонија“, со мене никој не разговарал, никој не ме легитимирал да ми утврди идентитет, вклучително и не е извршено легитимирање на моите другари со кои бев на лице место од кои едниот е полициски инспектор од ЕКР Чаир. Знам дека две лица кои не се преставија, му пријдоа од зад грб на полицискиот инспектор Аднан Синани и на албански јазик разменија зборови со него. Тој нам ни пренесе „овие прашуваат да не сме го снимале претседателот”, јас одговорив „Не, еве ви го телефонот ако сакате да проверите, јас во време кога поминаа возилата зборев на телефон и бев свртен кон кафетеријата на Рекорд“. По ова тие двајца разменија уште неколку зборови на албански со Аднан и си заминаа. Се задржаа околу неполни 120 секунди. ниту пак од тие лица ни наредиле, не предупредиле, не задржале или пак приведеле за службен разговор со полициска станица во однос на било каков пријавен настан или сторен прекршок. Истите не се легитимираа дека се полициски службеници, не превзедоа полициски овластувања врз нас, ниту издадоа наредба да извршат увид во нашите телефони за да констатираат “снимен видео или фото запис” за да има основ сомневање дека сме извршиле неовластено снимање, вели Алексоски.
Во претставката Алексовски наведува дека со непрофесионално, незаконито и неетичко постапување на вработените во МВР му е нанесена штета по угледот и интегритетот, дискриминацијата по основ на етничка припадност, тенденциозно етикетирање и негативно претставување во јавноста со повикување во полициска станица за вршење на информативен разговор, имајќи ја предвид однапред планираната и организираната медиумска хајка предводена од порталот https://a1on.mk/macedonia/sinisha-aleksoski-na-raspit-vo-policiskata-sta… помогната со информации од припадници на МВР.
Алексовски во претставката до МВР доставува и дополнителни прашања и одговори во однос на злоупотребата на дискреционите овластување на старешини во министерството кои дале наредба да биде повикан во полициска станица Центар да дадам изјава за непостоечки настан на неовластено снимање.
-Барам да ми се одговори кој од МВР генерира лаги и ми го руши угледот и интегритетот во јавноста со следнава изјава за порталот „А1он“ -„Денеска С.А. беше повикан на информативен разговор во ПС Центар во врска со неовластено снимање на возилото на претседателот на Парламентот на 27.03.2020 кај Порта Македонија. Известен е јавен обвинител“, велат од МВР”, ако се знае дека не постои снимка или друг запис кој го потврдува неовластеното снимање на возилото.
Барам одговорното лице за медиуми во МВР да ја повлече изјавата поради непостоење на индиција или доказ за неовластено снимање. Со содржината на оваа преставка ќе бидат известени странските дипломатски преставништва и меѓународни организации во Македонија, Народниот правобранител, медиуми и други организации за заштита на човековите права од непрофесионално полициско работење, вели Алексоски.