Поради аферата околу нелегалните забави за време на корона-локдаунот, Борис Џонсон ја објави својата оставка како член на парламентот.

Џонсон како причина за својата оставка ја наведе истрагата на парламентарната комисија за таканаречениот скандал „Партигејт“. Тој добил писмо од членовите на комисијата кое јасно укажувало „дека се решени да го искористат случајот против мене за да ме исфрлат од Парламентот“, тврди Џонсон.

Затоа тој се одлучил на оставка пред да се случи она што го претпоставувал, пренесува Дојче веле.

По серија скандали, Џонсон ја објави својата оставка на премиерската функција во јули 2022 година, но остана член на Парламентот. Во 2021 година се дозна дека за време на пандемискиот локдаун, во седиштето на владата во Даунинг Стрит, постојано имало забави со многу алкохол. Џонсон негираше дека биле прекршени корона-правилата.

Сега, во изборната единица на Борис Џонсон во Лондон треба да се одржат дополнителни избори.