Екс пратеничка на СДСМ го спореди МВР на Спасовски со мафија: Падна ли системот и зошто нема видео од Деве Баир?

Екс пратеничката на СДСМ и професорка на Правниот факултет во Скопје Каролина Астеруд Ристова со поинаква анализа од таа што ја дава власта за настаните од одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 Февруари.

Астеруд во контекст на транспарентноста на полициските службеници и среениста ја спореди полицијата на Спасовски со моралната полиција на иранските ајатоласи, си банди и мафија а во анализата прашува зошто нема видео од нападот на граничниот премин Деве Баир каде бугарски екс пратеник беше приведен за физички напад врз полицајци?

Астеруд смета дека Макеоднија попуштила пред бугарските провокации и на официјална Софија и дала аргументи за напад на меѓународни инстанци.

Зарем навистина „паднал системот“ на граница? Како за настан проценет на висок ризик, зошто граничната полиција не носи телесни камери? Паднати ли се и камерите на граничниот премин? МВР тврди дека полицајците биле физички нападнати. Зошто не објави снимки? Или тоа треба здраво за готово да го прифатиме?
КОЛУМНИСЛАЈДЕР
Од Каролина Р. Астеруд Објавено 05/02/2023 19:47:56

5,813
Сподели
За жал, бидна, на лавот во устата. И полошо, многу, многу полошо.

Според ФБ, „оние бугарските радикали, дојдени да провоцираат“ требало да бидат помодрени од ќутек, да скапуваат во затвор доживотно, море да биле убиени, со грозоморно креативни варијации како да бидат убиени.

Навистина, легитимниот гнев кон бугарската политика испровоцира да се разобличат и да се демаскираат работи за кои, всушност, излегува дека може да им се даде за право. Од ништо аргументи, си добија минимум еден легитимен аргумент. Ма Бугарија само да си направи скрин-шотови, да си ги преведе и да ги подели по сите држави-членки, па јасно да стане дека не си умислуваат баш сè.

Пак се покажува точно, експерти за себесаботирање сме. И тоа – врвни!

И, чиниш, оркестриран заговор зад официјалната верзија на МВР, папагалско пренесување, без никакви прашања, дури и без најлогични и најочигледни, ниту од оние на кои тоа им е работа:

1. Зарем навистина „паднал системот“ на граница? Во пресрет на настанот нели се преземени сите мерки за да течат непречено работите и таму?

2. Дали е во ред луѓето толку часа да чекаат, на таков студ, со неубедливото оправдување и без очигледна логистика и помош на сите затекнати на границата во такви услови? Нели е тоа нехуман и понижувачки однос, па чиниш, и за провокација, за да се испровицираат? Ние смееме ли тоа да си дозволиме?

За изненадување ли е револтираноста? И „дрското и недолично“ однесување? А тоа на државата, какво беше? Па уште и на државата под оружје. За неа, државата, важат далеку повисоки стандарди од оние за индивидуите во нивниот граѓански (невооружен) капацитет. Јасно е тоа или не?

А третман на пратеник на друга држава?

Според објавените снимки, односот на бугарските државјани е претежно израз на револт за третманот, револтирано поставување прашања и барање одговор, секундарна реакција, кај некои и надразнетост од мрцварењето и од понижувањето, од спречувањето да се патува до избраната дестинација, со порив за омаловажување и со лупетање работи како возвратна повреда, типичен механизам, ама и потсетување како они први нè признале како независна држава.

И сето тоа врз некои од ЕУ држава која ЕУ сè уште не ја вклучува во Шенген договорот. Таман ние да се најдеме да им ги дразниме таквите колективни фрустрации, па да ги потсетиме врз нас последователно да се истресуваат… Ама тоа кај нас никој ништо не си гледа и не мозга, што „порота“ ќе бевме, што лукави и мудри играчи ќе бевме?

Можеби ќе ве интересира
Џорџ Буш нема никаква заслуга за признавањето на нашето име

Ристо Никовски 06/02/2023
Европска Унија за подобар стандард и отворање на нови…

Фатмир Бесими 05/02/2023
3. Како за настан проценет на висок ризик (?!), по екстензија и на границата, зошто граничната полиција не носи телесни камери? Паднати ли се камерите на граничниот премин? МВР тврди дека полицајците биле физички нападнати. Зошто не објави снимки од тоа? А и воопшто, што е фатено на граничните камери?

Тоа што тврди дека полицајците биле физички нападнати, треба здраво за готово да го прифатиме? Од друга страна, од снимката што еден од засегнатите ја направил, сосема е јасно дека полицијата прво „им наредува“ да не снимаат (?!), а потоа физички посегаат по него и го спречуваат, односно нападот врз лице и врз личен имот е од нивна страна, од некој од полицијата. Ќе се правиме дека не е јасно и тоа?

За во станица… Камери, снимка, нешто? Замислете да е точно тоа што го кажува адвокатот. Или тоа и такви работи очекуваме само од полиции како австралиската, нели, директен пренос за случајот „Ѓоковиќ на граница“, ма цело сослушување достапно, сатница, мерки, исто пред судијата, директен пренос.

А ок ни се тие граѓански, индивидуални снимки од мобилни телефони, за пречекорување овластувања на полиции во странство. Особено мерак имаме за оние од САД, за да лечиме комплекси и фрустрации дека „и они не биле цвеќе за мирисање“, па да оправдуваме свои грозотии овде. Нема врска дали таму тоа е инцидентно и далеку, далеку поминорен феномен отколку кај нас, но и со далеку повисок степен на последователна одговорност. Важно е да блуеме антизападни и антиамерикански беседи. Ама, види чудесија, такви очекувања немаме кога станува збор за „преземање службени дејства“ од нашата полиција.

Се правиме наудрени дека нашата полиција високо ја почитува помошта на граѓанските снимки од мобилните телефони кога станува збор за гонење разни деликвенти меѓу другите (со)граѓан(к)и, но ептен сме против снимки кога таа самата (полицијата) е предмет на снимање. Е тогаш моќта на граѓанските телефонски камери не ја смета од помош за ловење на деликвентите во своите редови, за ловење полициско непрофесионално, неетичко и незаконско однесување. Ова оди дури и до степен на ширење лажни фами дека тоа било „законски недозволиво“ – чиниш не се јавна власт, во јавен домен, чиниш некој им дошол внатре дома да ги снима. А неретко ова оди и до закани и повреди на правата и на слободите на граѓаните, за да се спречат во снимањето.

Ама изгледа сме умислиле дека сето тоа удира само по главите на бугарски шовинисти, по некои вакви-такви-онакви Бугари, а не гледаме дека нека тоа на рутинска основа се тера и тука, врз нашето сопствено граѓанство.

И сето тоа додека другите полиции по Европа и во останатиот нормален свет се опремуваат со телесни камери, па камери на полициските возила, камери на кациги, фиксни камери насекаде по полициски станици, звучно снимање, меѓу другото, и заради заштита од тужби. Оти сето тоа по цивилизираниот свет се третира многу сериозно, баш поради тоа што делот од државата под оружје има сериозен удел во државните репресивни овластувања, вклучувајќи ја и дозволата да убие. Самата полиција, а и полициските синдикати, бараат такви мерки и дефинитивно не губат на ум дека се во служба на заштита на слободите и правата на граѓанството. Се знае кој за кого и за што е таму.

4. Несоодветниот и недозволив настап со лицитирање со евра, за откривање на идентитетот на македонскиот полицаец, наведување на недозволива алузија од страна на некојси бугарски лик, не го поништува хроничниот проблем на недозволива анонимност на униформираниот и на вооружен дел од нашите полициски сили. Всушност, од низа коментари, излегува дека многу наши сограѓан(к)и воопшто не знаат дека според законот, тие, полицајците, се должни да се легитимираат. Ако вклучените во инцидентот тоа го побарале, важи истото. Не треба да биде никаква тајна името на кој било од полицајците таму.

Уште позагрижувачки е што не се разбира дека еден од основните елементи на полициската униформа треба да биде задолжителен и ударно видлив идентификациски број на полицаецот во униформа и под оружје (вклучувајќи ги и оние под маска). Тоа како основен, минимален стандард. А споредбено, има и полициски сили, со ознаки со иницијал за лично име и со цело презиме (т.н. улична полиција, оние по полициски станици, гранична полиција), а и ако тоа не е манифестно, го имаат како беџови и значки на увид, па си стои таму име и презиме. Следниот пат кога ќе патувате некаде, фокусирајте се на униформата на локалната полиција и ќе се уверите.

Лани во јуни, кога патував со возило за Белград, се импресионирав од тоа што граничната полиција на Србија, не само што е спастрена по сите нишани (испеглани, чисти унифирми, ништо накривено или распашано, сите во очигледна физичка кондиција, професионално-ведро и љубезно обраќање со персирање, итн), туку сите беа и со лично презиме на униформите. Косово, иако најмлада држава во регионот, исто, сите со идентификациски бројки. Само нашата униформирана полиција шета и делува анонимно. Ниедна друга во Европа. Ова треба да биде врвен приоритет за адресирање, зашто има сериозни импликации од аспект на кочниците и рамнотежата во дејствувањето согласно со правото, почитување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, превентива за секакви злоупотреби, корупција, полициска репресија и бруталност.

Впрочем, освен нашата полиција, дали знаете кои други вооружени групации шетаат без манифестни идентификациски бројки, како минимален стандард? Криминалните банди, мафиите, терористите, а кај некои држави сили од типот на т.н. морална полиција на иранските ајатоласи.