Екс потпретседателка на СДСМ не може да поверува што прави нејзината партија

Професорката и екс потпретседателката на СДСМ Ана Павловска Данева не може да прифати каква замена на улогите се случува на македонската политичка сцена.

Таа смета дека желбата за власт кај нејзините сопартијци во СДСМ од врвот на власта ги довеле до ситуација во која се обидуваат да ја менуваат вистината за бугарската улога во втората светска војна.

,,Уште не ми се верува дека дојде време СДСМ да поддржува менување на споменици и историски учебници во врска со улогата на Бугарија во Македонија за време на Втората светска војна, а Вмро Дпмне (заедно со Милошовски) да се повикува на партизанското минато на нашата татковина, да го лиже она што го плукал за Блаже Конески и да ја пее “Бела чао”!
Ех, што прават од човека власта и желбата по неа!”, пишува Павловска Данева која е професорка на Правниот факултет во Скопје.