Екс потпретседател на СДСМ во времето на Бранко Црвенковски објавува зошто планот на ДУИ кој е пренесен преку министерот за надворешни работи Бујар Османи, во земјава да се вработуваат Албанци кои се попишани во дијаспората, не е дел од владеењето на правото.
Економистот Зоран Јовановски смета дека
резултатите од пописот НИТУ МОЖЕ НИТУ СМЕЕ да ги толкува кој како ќе стигне, без оглед на каква позиција е.
,,Си постојат меѓународни правила и стандарди. Пописот не попишува државјани, туку попишува граѓани кои ВО МОМЕНТОТ НА ПОПИСОТ СЕ ВО ЗЕМЈАТА, односно она што се нарекува РЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ. Тие што живеат во друга земја ги регистрира пописот на таа друга земја. И, тоа е тоа, нема никакви специфичности, нема врска со девизни дознаки, јасно е, инаку на две места ќе се попишат истите луѓе”, вели Јовановски според кого примената на резултатите од пописот, за балансерот за вработување или некоја друга потреба, НЕ Е ПОЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ, НЕ Е КОАЛИЦИСКО ПРАШАЊЕ, туку тоа е прашање на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!
,,Праксата, прашања кои значат владеење на правото да се третираат како прашања на политичко толкување и политички договор за да се извртат работите – МОРА ДА ПРЕСТАНЕ еднаш засекогаш!!!”, смета Јовановски.
Предходно и министерот од ДУИ во министерството за администрација и информатичко општество најави дека балансерот за вработување ќе треба да ги вклучи и Албанците кои се попишани во странство.
Ако тоа се прифати ДУИ ќе може да вработи илјадници свои членови и симпатизери кои не живеат во земјава што ќе биде еден од најголемите апсурди во историјата на модерните држави.